Шампионот од Премиер лигата во 2016 година, Лестер, сака да го привлече дефанзивецот на Аталанта, Тимоти Кастањ. 24-годишниот игра како десен бек, но може да дејствува подеднакво добро и на левата страна.

„Лисиците“ веќе бараат замена за фудбалерот на Челси, Бен Чилвел.

Тотенхем е исто така заинтересиран за Кастањ, кој има договор со четвртфиналистот во Лигата на шампионите на уште една година. Белгискиот репрезентативец имаше многу силна сезона и придонесе за успешен настап на Аталанта.

Лестер веќе започна преговори со италијанскиот клуб, но во меѓувреме следи и други играчи на позицијата лев бек, откако Џо Брајан од Фулам и Николас Таљафико се меѓу потенцијалните опции.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2020 23:36