Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез од следната сезона ќе го носи дресот на Евертон.

Овој трансфер беше најавуван претходните денови, а сега пристигна и официјалната потврда од клубот од Ливерпул.

Договорот беше потпишан на две години со можност за продолжување на уште една.

Висината на надоместокот што „карамелите“ ќе им го исплатат на „кралевите“ е 22.000.000 фунти.

Родригез ќе го носи дресот со број 19.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2020 23:23