Играчот за врска на Манчестер сити, Кевин Де Бруин е прогласен за најдобар играч на Англија од страна на Професионалната фудбалска асоцијација (ПФА).

Минатата сезона, 29-годишниот Белгиец одигра 35 натпревари за „граѓаните“ во Премиер лигата, постигна 13 погодоци и забележа 21 асистенција.

Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд е прогласен за млад играч на годината. Дваесет и едногодишниот фудбалер минатата сезона забележа 38 настапи во Премиер лигата и постигна четири гола со 13 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2020 23:41