Американската глумица Хилари Даф им соопшти на следачите дека добила очна инфекција и дека, наводно, тоа е последица од честите корона-тестови.

– Тогаш моето око почна да изгледа чудно… И ме болеше… Многу. Паа… Направив мало „патување“ до амбулантата, па испадна дека инфекцијата на окото ми е од сите овие тестови за Ковид-19 на работа… Знаете – 2020 година и сѐ што таа донесе, напиша Даф.

Потоа додаде дека зела антибиотици и оти сега сѐ в ред.

Даф притоа објави и слика со двегодишната ќерка.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2021 12:49