Нерегистриран угостителски објект во липковско Опае работел и не ги почитувал протоколите, соопшти денеска СВР Куманово.

-На 26 март 2021 година после 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во угостителски објект во село Опае, општина Липково, при што било констатирано дека објектот, кој не бил регистриран, работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и не се почитувале протоколите за отворање, соопшти СВР Куманово.

По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2021 13:41