Во СВР Скопје вчера во 18 часот 84-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавеното, на 30 март 2021 околу 16 часот едно лице телефонски ја известило дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода во која има повредено дете-мигрант, а потоа друго лице ѝ се претставило како нејзината ќерка и од неа побарало пари.

Исто така, според пријавеното, по кратко време пред зграда на подрачјето на Аеродром пријавителката на непознато лице му ја дала претходно договорената сума пари, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2021 00:51