Полициските службеници од дебарското одделение за внатрешни работи, под чија надлежност е и општина Центар Жупа, во последното деноноќие регистрирале две прекршувања на полицискиот час.

Што се однесува до овој вид прекршок, од воведувањето на полицискот час до денеска вкупно седум лица не ја почитувале забраната за движење и против нив поднесени се соодветни пријави.

-ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА, НА ОВА ПОДРАЧЈЕ, ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ КОНСТАТИРАЛЕ И ТРИ ПРЕКРШОЦИ ЗА НЕНОСЕЊЕ ЗАШТИТНА МАСКА. ОВОЈ МЕСЕЦ КОНСТАТИРАНИ СЕ 60 ВАКВИ ПРЕКРШОЦИ, ДОДЕКА МИНАТИОТ МЕСЕЦ ВКУПНО 177 И НА СИТЕ ЛИЦА, КОИ НЕ ЈА ПОЧИТУВАЛЕ ОВАА МЕРКА, ИЗДАДЕНИ ИМ СЕ ПРЕКРШОЧНИ ПЛАТНИ НАЛОЗИ, ИЗЈАВИ СТЕФАН ДИМОСКИ ПОРТПАРОЛ НА СЕКТОРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ОД ОХРИД.

Додава дека полициските службеници ќе продолжат со засилените контроли околу почитувањето на мерките за спречува на ширењето на заразата со Ковид-19.

Токму непочитувањето на мерките, според надлежните, е причина за зголемениот број на нови случаи со опасниот вирус на ова подрачје а со тоа и бројот на оние на кои им е неопходно болничко лекување.

Во последните десет дена опасниот врус е дијагностициран кај 32 лица а денес се очекуваат резултати од над дваесет тестови.

Од почетокот на пандемијата вкупниот број заразени е 869, починале 39 додека активни на болеста се 44, од кои на болничко лекување се 20 од нив 11 на постојана кислородна подршка.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2021 15:57