На 26.04.2021 во 03.00 часот во Полициската станица Прилеп, З.С.(61) од Прилеп пријавил дека неколку минути претходно едно лице фрлило запалива материја во дворот од неговата куќа, при што биле опожарени дворното место пред влезот од куќата, дел од терасата и од sидот и еден прозорец.

Повредени лица нема, а огнот бил изгаснат од оштетениот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2021 00:11