Египетски научници прочуваат фосил од праисториски кит, познат како полу-воден кит, бидејќи живеел и на копно и во море. Има одлики на ловец и тоа, според наодите, го истакнува меѓу другите фосили на китови.
– Ова е првпат во историјата на египетската палеонтологија за ‘рбетници, египетски тим да води евиденција за нов род и вид китови со четири нозе, рече предводникот на тимот палеонтолози, Хешам Салам.
Тој истакна фосилот на четириножниот праисториски кит е од претходно непознат вид. Се верува дека суштеството е предок на современиот кит. Новооткриеното суштество припаѓа на семејство изумрени полу-водни китови кои живееле пред 59 до 34 милиони години. Фосилот првпат беше пронајден од тим египетски екологисти во 2008 година во западната пустинска област на земјата, која во праисторијата била морска област.
– Ова е уште еден нов вид ран кит од времето кога тие имале четири функционални екстремитети, вели стручњакот за еволутивна историја на цицачите, Џонатан Гајслер од Њујоршкиот технолошки институт.
Најстарите фосилни китови се стари околу 50 милиони години и потекнуваат од подрачјето на денешен Пакистан и Индија.
Китот е именуван по богот на смртта на Древен Египет – Фиомикетус Анубис.
Според истражувачите, новиот вид се истакнува со издолжен череп, што посочува дека бил месојад што можел да го фати и џвака својот плен. Китот бил долг околу три метри и тежок околу 600 килограми.
– Откритието следи по четиригодишната соработка помеѓу египетските палеонтолози и американски научници, додаде Салам