Најстариот бел носорог во светот угина на 54 години, во својата Зоолошка градина „Парко натура вива“ близу Верона, северна Италија.

– Ноно Тоби угина на 6 октомври. Тој се струполил одејќи кон своето ноќно засолниште, и по околу половина час неговото срце застана, изјави Елиса Ливија Пенакиони, претставничка на Зоолошката градина.

Тоби ќе биде балсамиран и изложен во Музејот за природни науки во Трентo, каде ќе му се придружи на бел лав од Зоолошката, кој угинал пред пет години.

– Белите носорози обично живеат до 40 години во кафез и до 30 години во дивината, вели Пенакиони.

Смртта на Тоби, по смртта на неговата партнерка Шугар во 2012 година, ја остава „Парко натура вива“ само со еден бел носорог – Бено, кој има 39 години. Инаку, се работи за исклучително редок вид носорози.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2021 14:18