Богатството на сопственикот на Тесла, Илон Маск за еден ден се зголеми за 36 милијарди долари, што е најголема заработка за еден ден забележана на индексот на милијардери на Блумберг.

Зголемувањето на богатството на Маск се должи на вчерашниот раст на акиите на Тесла на Њујоршката берза за речиси 13 отсто, со што производителот на електрични автомобили ја надмина пазарната капитализација од милијарда долари, која уследи по најавата на компанијата за изнајмување возила Херц дека нарачала 100.000 возила Тесла.

Според Блумберг богатството на Маск сега изнесува 288,6 милијарди долари и ја надминува пазарната вредност на Тојота за 282 милијарди долари, на Џенерал моторс (83,9 милијарди долари) и на Форд (62,8 милијарди долари).

Според „Блумберг", Маск сега е речиси 100 милијарди долари побогат од Џеф Безос, чие богатство на затворањето на Волстрит изнесуваше 192,6 милијарди долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2021 03:51