Во организација на Здружението на бармени на Македонија денеска во Скопје ќе се одржи 13-то Државно првенство на бармени.
Натпреварот ќе се одвива во ресторанот Фор при што квалификациите започнуваат во 11.30 часот а финалето е предвидено за во 16.30.
-Истиот ден ќе се одржи и финалето на првиот Giffard Bartender Cup кај нас. Победниците ќе ја претставуваат Македонија на Светското првенство на Бармени во Куба и на најголемиот саем во барската индустрија Bar Convent Berlin, наведуваат од Здружението на бармени.