Дваесет бармени и барменки денеска учествуваат на 13. Државно првенство на бармени во организација на Здружението на бармени на Македонија, а најдобриот од нив ќе оди на Светското првенство во Куба.

Филип Арнаудов, претседател на Здружение на бармени за МИА информираше дека пријавените учесници се натпреваруваат во различни дисциплини.

– Квалификациите се од отворен карактер, потоа има полуфинале и на крај финалето е “after diner“ коктели каде што победникот на тоа финале ќе оди на Светското првенство на бармени во Куба, рече тој во изјава за МИА.

Дополнува дека на ова првенство може да се пријави секој и Здружението е отворено за сите.

– Сите што ја сакаат професијата, што работат зад бар. Единствен услов е да имаат над 18 години бидејќи се работи со алкохол. Секој може да се пријави со своја оригинална рецептура и се натпреварува со тој коктел, каде што имаме техничко жири и жири за тестирање, кое што го оценува коктелот и потоа поените се собираат за да се добие крајниот резултат, појасни тој.

Натпреварот се одвива во ресторанот „Фор“. Квалификациите започнаа во 11:30 часот, а финалето е предвидено за во 16:30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2022 13:06