Саудиска Арабија годинава ќе ја испрати својата прва жена астронаут во вселенска мисија.

Рајана Барнави ќе му се придружи на Саудиецот Али Ал Карни во 10-дневна мисија до Меѓународната вселенска станица, објави Саудиската новинска агенција (SPA).

Барнави и Ал-Карни напролет ќе полетаат до Меѓународната вселенска станица со вселенското летало „SpaceX Dragon“ во рамки на мисијата на приватната вселенска компанија „Axiom Space“, соопштија од Агенцијата и од компанијата.

Во леталото ќе бидат и Пеги Витсон, поранешна астронаутка на НАСА која ќе го направи четвртиот лет до Меѓународната вселенска станица и Џон Шофнер, бизнисмен од Тенеси.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2023 11:23