Баерн го искористи киксот на Борусија и ја освои шампионската титула во Бундеслигата

Баерн Минхен по 11-ти пат во низа стана шампион во германската Бундеслигата. Ова е епилогот по завршувањето на последното коло оваа сезона.

Борусија Дортмунд попладнево одигра нерешено 2:2 со Мајнц на домашен терен во натпреварот од 34. коло, додека Баерн со гол во 89.минута славеше победа со 2:1 на гостувањето кај Келн.

На Борусија за да дојде до трофејот и требаше победа, или Баерн да не освои три бода, но тоа не се случи и една од најнеизвесните сезони во Бундеслигата заврши со среќен крај за Баварците.

Баерн стана шампион на Германија со 71 бод на 34 натпревари. Борусија Дортмунд е на второто место со исто толку бодови и послаба гол-разлика.

Од лигата испаѓаат Шалке и Херта.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2023 01:50