Археолози пронајдоа мумија стара околу 3.000 години во Лима, Перу. Истражувачите и студентите од Универзитетот „Сан Маркос“ при ископувањето прво ги забележале остатоците од косата и од черепот на мумијата обвиени во памук, а потоа и другите останки.
Мумијата најверојатно потекнува од културата Манчај, којашто живеела по долината Лима, меѓу 1500 и 1000 година п.н.е., смета археологот Мигел Аквиљар. Наодот е поврзан со изградбата на храмови во облик на потковица, свртени кон изгрејсонцето, јави „Глобал њуз“.