– Во дерби натпреварот од 9. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Шкупи попладнево го совлада актуелниот шампион Струга и изби на чело на табелата, додека Вардар остана непоразен на гостувањето кај штипска Брегалница.

Во преостанатите натпревари Работнички го совлада Тиквеш, Силекс триумфираше над Воска, додека Шкендија со гол во финишот избегна пораз на гостувањето во Гостивар.

ПМФЛ – 9 коло:

Брегалница – Вардар 0-0

Гостивар – Шкендија 2-2

Работнички – Тиквеш 1-0

Шкупи – Струга 2-0

Силекс – Воска 4-2

Македонија ЃП – Брера Струмица 1-0 (одиграно вчера)

Табела: Шкупи 18, Шкендија 17, Силекс 16, Струга 15, Брера Струмица 14, Тиквеш 13, Работнички 13, Македонија ЃП 11, Брегалница 10, Воска 7, Гостивар 7, Вардар 5.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2023 22:56