Полициски службеници од ОВР Кичево утрово во 08.00 часот, го привеле В.М.(61) од Кичево, соопштија од МВР.

Како што стои во соопштението, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Кичево за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2024 16:47