Полицијата вчера го лишила од слобода 19-годишниот Х.Х. од тетовско Лавце поради сомнение дека заедно со уште две други лица бил инволвиран во кривично дело „мачење животни“.

Како што информира МВР, Х.Х. минатата недела организирал борба помеѓу две кучиња, а потоа снимениот материјал од борбата го објавил на социјална мрежа.

Едно од кучињата со видливи повреди било пронајдено во напуштена куќа во тетовско Селце, по што било предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Лицето Х.Х. е задржано во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2024 21:05