Прилепската полиција, ноќеска во 03.10 часот по полноќ на улицата „Васко Карангелески“ во Прилеп, ги лишила од слобода Д.Џ.(36) и Ќ.Ш.(42), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при извршување на кражба во здравствена установа во Прилеп и кај нив биле пронајдени метални и остри предмети.

Како што информираат денеска од МВР, лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2024 22:08