Полициски службеници синоќа, во 21.40 часот, во Штип ги лишиле од слобода К.А.(38) и 20-годишната Д.О., поради дрога.

- При претрес во домот на К.А., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага. Притоа, полициските службеници ги спречиле К.А. и Д.О. да ги прикријат доказите и да фрлат прашкаста материја во мијалник, информираат од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2024 22:12