Предводникот на Јувентус, Масимилијано Алегри е првиот тренер кој стигнал до повеќе од 1.000 бода во Серија А.

Јувентус денес на домашен терен славеше над Фросиноне (3:2) во 26. коло од Италијанското фудбалско првенство.

Ова е 301. победа на Алегри на турнирот, со 99 нерешени и 96 порази. Тој има 1.002 бода во Серија А.

Да потсетиме дека Серија А започна во сезоната 1929/30. Пред сезоната 1994/95 во Италија за победа се доделуваа 2 бода, а оттогаш по три.

Масимилијано претходно беше тренер на Каљари, Милан, Сасуоло и Удинезе.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2024 05:28