Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино е разочаран по поразот од Ливерпул (0:1) во финалето на англискиот Лига куп.

„Сините“ од Лондон во финалето одиграно вчеравечер на „Вембли“ примија гол во самиот финиш од второто продолжение.

- Создадовме 5-6 шанси и не постигнавме гол. Во натпревар како денешниот и во финалето, да се постигне прв гол е голема предност. Примивме гол во последен момент и тешко е некако да се реагира на тоа. Тимот се бореше за трофеј што не го добивме. Играчите треба да бидат разочарани. Му честитаме на Ливерпул и продолжуваме да одиме напред, изјави Покетино за „Би-би-си“.

Челзи стана првиот тим во англиската историја кој загубил шест финалиња по ред во домашните купови.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2024 18:35