Полицијата вчера околу 15:45 часот на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар лишила од слобода малолетник од Скопје. Тој се сомничи дека претходниот ден одзел патничко моторно возило „пежо 306“ со гостиварски ознаки, кое било паркирано на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар.

Како што соопшти денеска МВР, возилото било најдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде изготвен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2024 22:04