Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд изјави дека тренерот на Арсенал, Микел Артета ќе се согласи да го води тимот од „Олд Трафорд“.
- Артета апсолутно би го напуштил Арсенал за да го преземе Манчестер јунајтед. Никој не вели дека тоа ќе се случи, но ако Манчестер јунајтед во луд сон каже: „Знаеш што, Ерик тен Хаг, ти благодарам“ исе одлучи да го избере Артета за своја главна цел, тогаш Артета ќе им каже на играчите на Арсенал: „Слушајте момци, беше емотивно, но морам да продолжам понатаму, морам да заминам“, рече Фердинанд на својот канал „FIVE“.
Четириесет и едногодишниот Шпанец е на чело на Арсенал од 2019 година.
По 26 кола во тековната сезона, Арсенал е на третото место во Премиер лигата со 58 бодови. Манчестер јунајтед (44 бодови) е шести во поредокот.