Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, информира дека играчот од средниот ред Џек Грилиш, доживеал повторна повредата на препоните.
Дваесет и осумгодишниот Англичанец се повреди синоќа на натпреварот против Лутон (6:2) во осминафиналето на ФА Купот. Тој беше заменет во 38. минута.
- Грилиш се пожали на болка во препоните. Пред тоа се чувствуваше добро, но за жал повредата му се повтори. Ова е тешка сезона за него. Мора целосно да закрепне пред да се врати на теренот, изјави Гвардиола.
Во тековната сезона Грилиш има три гола и две асистенции на 27 натпревари во сите натпреварувања.