Странските клубови можат да го купат Пауло Дибала за само 12 милиони евра до 31 јули.

Ова се условите за обештетувањето предвидено во договорот на 30-годишниот напаѓач со Рома, пренесува инсајдерот Николо Шира.

Договорот на Аргентинецот е до јуни 2025 година, а Римјаните сакаат да си ја отстранат неповолната клаузула за отштета и се подготвени да го продолжат договорот со Дибала.

На 18 натпревари од актуелната сезона во Серија А, Дибалат има 11 голови и шест асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2024 21:30