Капитенот на светскиот шампион Аргентина, фудбалскиот ас Лионел Меси достигна половина милијарда обожаватели и следачи на Инстаграм.
Математички споредено, осумкратниот освојувач на фудбалската „Златна топка“ го следат повеќе луѓе од збирот на населението во двете „светски суперсили“ - САД (332 милиони) и Русија (147 милиони жители). Меѓу приврзаниците на ѕвездата од Аргентина, 72 отсто се мажи, а 85 отсто се помлади од 34 години... Натаму, 12 отсто од следачите се од Бразил - вечниот спортски соперник на Аргентина, 8,1 отсто се од Индија, а само 6,5 отсто се сонародници на Меси.
Португалецот Кристијано Роналдо, кој пет пати ја освојуваше „Златната топка“, е единствениот со повеќе следачи - 622 милиони.
Освен спортистите, некаде при врвот се и пејачката и глумица Селена Гомез - со 429 милиони следачи, супермоделката-милијардерка Кајли Џенер - 400 милиони, глумецот Двејн Џонсон - 396 милиони, пејачката Аријана Гранде - 380 милиони, Ким Кардашијан - 364 милиони, Бијонсе со 319 милиони итн.