Милан на лето би можел да се раздели со дефанзивецот Тео Ернандез, но клубот нема да го пушти играчот за помалку од 70-80 милиони евра, пренесува новинарот Матео Морето.

Според информациите, за 26-годишниот Французин се заинтересирани Баерн Минхен и клубови од Премиер лигата, како и Саудиска Арабија.

Договорот на Ернандез со Милан е до летото 2026 година и клубот има намера да му понуди продолжување.

Дефанзивецот игра за Милан од 2019 година и моментално е втор капитен на тимот



Автор: Администратор
Објавено на: 29/02/2024 03:59