Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази задоволство од настапите на неговиот тим изминатите седум дена.
„Црвените“ синоќа го победија Саутемптон (3:0) во осминафиналето на ФА купот.
- Тоа беше посебна недела за сите нас. Долго време работам како тренер, но вакви недели не се случуваат често. Беше тежок натпревар против Саутемптон во страшно тешка ситуација за нас. Мора да донесеме одлуки и да видиме кого можеме да го ставиме на теренот. Во првите 15 минути притисокот беше страшен. Имавме проблеми. Нашиот голман не спаси со своите одлични одбрани. Фудбалот не е лесен и ако имаш моментум треба да го задржиш. Го отворивме резултатот и постигнавме два одлични гола во вториот дел. Оваа игра беше задоволство да се гледа. Заслуживме да се пласираме во четвртфиналето, тоа беше одличен резултат, изјави Клоп за „Би-би-си“.
Тимот на Јирген Клоп во четвртфиналето ќе се соочи со Манчестер јунајтед.