Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо е дисквалификуван поради непристоен гест кон навивачите, пишува „L'Equipe“.
Според францускиот медиум, 39-годишниот Португалец е дисквалификуван на еден натпревар поради срамниот гест што го направи на натпреварот од 21. коло на шампионатот на Саудиска Арабија против Ал Шабаб (3:2).
Самиот Роналдо се правдаше дека овој знак „изразува сила и победа“, а во Европа „навикнати се на тоа“.
Оваа сезона Роналдо одигра 29 натпревари за Ал-Наср во сите натпреварувања, постигна 28 гола и даде 11 асистенции.