Играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба на „Инстаграм“ ја коментираше денешната четиригодишна суспензија поради допинг.
Францускиот фудбалер ја нагласи својата невиност и потврди дека ќе поднесе жалба на, според него, „неправедната казна“.
-Денеска бев информиран за одлуката на Националниот антидопинг трибунал и верувам дека пресудата е неточна. Тажен сум, шокиран и со скршено срце бидејќи се што изградив во мојата фудбалска кариера сега ми е одземено. Кога ќе се ослободам од законските ограничувања, целата приказна ќе стане јасна, но никогаш свесно или намерно не сум земал додатоци во исхраната кои ги прекршиле антидопинг прописите. Како професионален спортист, никогаш не би направил нешто за да ги подобрам своите перформанси преку забранети супстанци, ниту пак некогаш сум ги непочитувал или измамил моите соиграчи и навивачите на мојот или на противничките тимови, напиша 30-годишниот Погба