Манчестер Јунајтед оваа сезона игра променливо, исто како и Маркус Рашфорд.

Англискиот репрезентативец не го покажува квалитетот што го поседува оваа сезона, а тоа главно се должи на лошиот однос кој го има со Ерик тен Хаг.

Како и да е, Рашфорд реши да им се обрати на навивачите и со тоа да најави подобри игри - како негови, така и на целиот тим.

- Верувајте ми, светот сè уште не го видел најдоброто од овој Манчестер Јунајтед и овие играчи. Сакаме да се вратиме во Лигата на шампионите. Ќе се вратиме таму каде што припаѓаме. Мора да продолжиме да работиме, а тоа започнува од мене. Ако ме поддржувате, тоа е добро, ако се сомневате во мене, уште подобро, испрати јасна порака Рашфорд.

Календарската 2024 година добро ја започна со три гола, но повторно помина месец без гол. Сезонава одигра вкупно 32 натпревари, постигна пет гола и додаде шест асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2024 04:11