Манчестер Јунајтед покажува силен интерес за ѕвездата на Астон Вила, Даглас Луис. Бразилецот неодамна го продолжи договорот со тимот.
Даглас се наметна како еден од најдобрите играчи од средниот ред во Премиер лигата, а актуелната сезона за него е повеќе од добра.
Интересно, неколку европски гиганти го сакаат Бразилецот, но „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат пристојна сума за да го доведат на „Олд Трафорд“.
Астон Вила ќе бара 80 милиони евра за да го ослободи на лето и нема да разгледува пониски понуди.
Се очекува Манчестер Јунајтед да плати онолку колку што е потребно за бразилскиот интернационалец.