Големата ѕвезда на Тотенхем, Хјун-мин Сон, многу наскоро ќе започне преговори за нов договор со клубот, кој ќе биде на подолг временски период, соопштува „Фудбал инсајдер“.
Сегашниот договор меѓу двете страни е потпишан во 2021 година, а истекува во летото 2025 година.
„Мамузите“ не се подготвени да слушаат понуди за Сон и главна цел е продолжување на договорот со корејскиот интернационалец.
Хјун-мин Сон е баран играч од голем број клубови во Саудиска Арабија, како и некои во Европа.
Тој има 395 настапи, 157 гола и 86 асистенции за Тотенхем од неговиот трансфер од Баер Леверкузен во 2015 година.