Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен тргна во акција да го ангажира шпанскиот стратег Чаби Алонсо за свој тренер од следната сезона.

Според информациите на новинарот Флоријан Плетенбург, доколку Алонсо одлучи да го преземе Баерн ова лето, неговиот сегашен клуб Баер Леверкузен ќе бара отштета од 25 милиони евра.

Според договорот меѓу шпанскиот тренер и актуелниот лидер во Бундеслигата, отштетата клаузула изнесува 15 милиони евра, но истата без одобрување на Баер може да се активира од лето идната година.

Алонсо, наводно, е расположен за преговори со Баерн, но според информациите неговиот менаџер е контактиран и од Ливерпул, кој по најавеното заминување на Јирген Клоп, исто така ќе има нов тренер од идната сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2024 03:37