Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола на прес-конференцијата пред градското дерби со Манчестер Јунајтед во Премиер лигата изјави дека секогаш го очекува најдоброто од своите противници.
-Го очекувам најдоброто од Манчестер Јунајтед, но не зборувам за тоа што тие го прават. Како противници премногу ги почитувам и не сакам никакви недоразбирања околу моите зборови. Имам голема почит кон нив и голема почит кон институцијата - Јунајтед, Ерик (тен Хаг) и играчите. Секогаш беше така со Манчестер Јунајтед - кога играат добро, победуваат. Тие победија на тешки гостувања кај Лутон, Волвс и Астон Вила. Во 2024 година имаат само еден пораз - минатата недела на домашен терен, изјави Пеп.
Запрашан дали доминацијата на „граѓаните“ може да продолжи, Гвардиола посочи дека во 80-тите доминирал Ливерпул, во 90-тите Јунајтед, сега е време на Аити, кој освои седум Премиер лиги во последните 12 години.
-Но никогаш немало клуб во една земја што доминирал во текот на 50, 60 години, па можеме да се обидеме во следните години да го направиме тоа што се обидуваме. Но особено нашата упорност повторно се докажа на натпреварот против Лутон (победа 6:2). Го покажавме она што го правевме во текот на овие многу години и тоа ме направи горд. Не го направив тоа сам, овој успех не зависи само од менаџерот. Ако луѓето веруваат дека сум само јас, тоа е грешка, истакна тој.