Фудбалерот на Тотенхем, Ришарлисон, најмалку еден месец ќе биде надвор од теренот поради повреда, објави лондонскиот премиерлигаш.

Бразилскиот репрезентативец го повреди коленото во дуелот изминатиот викенд против Вулверхемптон и го чека четиринеделна пауза.

Ришарлисон, беше во многу добра форма во последно време, а оваа сезона постигна десет голови во Премиер лигата, од кои девет на последните 10 натпревари.

„Разочаран е, исто и ние“, изјави тренерот на Тотенхем, Анге Постекоглу.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2024 20:30