Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен објави денеска дека англискиот репрезентативен играч за врска Ерик Даер ги исполнил условите за перманентен трансфер откако пред неколку месеци дојде во баварскиот клуб како позајмен фудбалер од лондонски Тотенхем.

„Договорот со Ерик Даер е продолжен на една година. Со својот прекрасен карактер, тој е драгоцена поддршка во нашата одбрана“, изјави генералниот директор на Баерн, Макс Еберт.

Англискиот репрезентативец оваа сезона за Баерн настапи на седум натпревари од кои на пет како стартер. Имаше и четири настапи во Премиер лигата оваа сезона.

„Многу сум среќен во Минхен. Нема веќе дилеми околу мојата иднина и можам да се фокусирам само на своите игри и на тоа како можам да му помогнам на клубот. Сакаме да победуваме и да освојуваме трофеи, иако зад над е тежок период‘, рече Даер.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2024 04:35