Повеќе германски медиуми објавија денеска дека од почетокот на идната сезона еден од тренерите во фудбалската академија на минхенски Баерн ќе биде легендарниот фудбалер Френк Рибери (40).

Поранешниот француски репрезентативец стави крај на професионалната кариера во октомври 2022 година.

Во текот на кариерата која траеше повеќе од две децении, Рибери настапуваше за Булоњ, Олимпик Але, Брест, Мец, Галатасарај, Олимпик Марсеј, Баерн Минхен, Фиорентина и Салернитана.

Најголем печат остави во дресот на Баерн кој го носеше од 2007 до 2019 година и во тој период освои 23 трофеи.

За француската репрезентација одигра 81 натпревари од дебито во 2006 година и постигна 16 голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2024 04:39