Фудбалерите на Баер Леверкузен ја искористија можноста и со денешниот триумф на гостувањето во Келн од 2-0 во 24 коло во Бундеслигата обезбедија предност од десет бодови пред второпласираниот Баерн Минхен, кој е сè подалеку од нова шампионска титула во Германија.
Џереми Фримпонг во 38 минута го донесе составот на Чаби Алонсо во водство, а конечниот резултат на дуелот во Келн го постави Алекс Грималдо во 73 минута.
На десет кола пред крајот на бундеслигашката сезона, Баер има 64 бодови, десет повеќе од Баерн на второто место.
Баер Леверкузен во следното коло е домаќин на Волфсбург, додека Баерн го пречекува Мајнц