Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, ги предупреди своите фудбалери да не ги фаќа еуфорија и покрај предноста од 10 бода во однос на актуелниот шампион Баерн Минхен.
Баер Леверкузен вчера го победи Келн на гостински терен со 2:0 и по 24 кола има 10 бода предност од второпласираниот Баерн.
- Во моментов позицијата на табелата не значи ништо. Има да се играат уште 10 кола. Задоволни сме од победата. Не е лесно да се победи овде, во дербито на Рајна, во одлична атмосфера. Сега позицијата на табелата не значи ништо. Знаеме каде сме се додека сè ни оди добро. Но, остануваат уште десет натпревари за играње - и за нас и за другите екипи. Ништо не е готово. Ќе се обидеме да продолжиме да одиме чекор по чекор, изјави главниот тренер на Баер.
Во следното коло „Фармацевтите“ на домашен терен ќе играат со Волфсбург. Овој натпревар е закажан за 10 март.