Полицијата во Ливерпул ќе преземе безбедносни мерки повеќе од нормално на очекуваната рута по која автобусот на тимот на Манчестер сити ќе патува до „Енфилд“ в недела, објави „Дејли Мејл“.

За 10 март е закажано дербито меѓу најголемите претенденти за титулата во Премиер лигата.

Често се случува навивачите на „црвените“ да фрлаат разни предмети кон автобусите на ривалите, а во декември беше оштетено возилото на Манчестер јунајтед. За овој инцидент беше уапсен 23-годишен маж.

Постојаната битка во последните сезони меѓу тимовите предводени од Јирген Клоп и Хосеп Гвардиола доведе и до зголемување на тензијата меѓу приврзаниците на двата тима.

Еднаш, за време на натпревар на „Етихад“ во Манчестер, тинејџерка од домашната публика беше погодена од кригла полна со монети фрлени од приврзаниците на „Црвените“. Како резултат на овој и други инциденти, управата на Манчестер сити го намали бројот на места што ги доделува за гостинските навивачи на Ливерпул



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2024 19:22