Шпанскиот судија Хесус Хил Манзано беше суспендиран по дискутабилната одлука на крајот од мечот меѓу Валенсија и Реал Мадрид кога досуди крај на натпреварот во моментите кога гостите поведоа.

Манзано беше делегиран за следните натпревари, но под голем притисок беше отстранет и нема да ја дели правдата на следните два натпревари од Ла Лига.

Останува да видиме дали по оваа одлука ќе бидат поништени црвените картони за Џуд Белингем и Антонио Ридигер



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2024 04:18