Масимилијано Алегри ги брои последните денови на клупата на Јувентус и најверојатно ќе го напушти тимот од Торино на крајот од сезоната. Неговиот агент, пак, деновиве откри дека пред да се врати во редовите на „Старата дама“, Алегри практично бил на клупата на Реал Мадрид.
Џовани Бранкини, кој го застапува Алегри, откри дека неговиот клиент имал сè договорено со најтрофејниот европски клуб во 2021 година.
- Се беше договорено, недостасуваше само потписот. Но, на крајот, тој одлучи да не потпише за клубот кој му понуди повеќе, избирајќи да остане во Италија поради две причини. Прво поради семејството, а второ поради Јувентус, изјави Бранкини.
На крајот Реал се сврте кон уште еден италијански тренер, Карло Анчелоти со кој ја освои титулата во Ла Лига и Лигата на шампионите.
Од друга страна, Јуве со Алегри во вториот мандат на чело на тимот се уште не успеал да го освои Скудетото