Во рамки на акциската контрола на територијата на државава за санкционирање на возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата казни 113 возачи.

Како што соопшти МВР, од нив 14 возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 47 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 66 надвор од населено место.

Од МВР највуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2024 18:30