Жителите на кумановското село Пчиња денеска побара интервенција од надлежните институции за санација на мостот. Тие велат дека последните врнежи и зголеменото количество на вода дополнително ја влошува состојбата на еден од столбовите на мостот.
- Ако до претходно состојбата беше лоша, сега е катастрофална. Проблемот постојано го актуализираме пред институциите и локалните и државните власти уште од 2013-та година, досега нема понудено решение, вели Стефан Кузевски, член на месната заедница Пчиња.
Мостот е конекција на пчињани со градот Куманово, а може да отсече и други населени места, Винце и Вакв.
- Ризично е да се вози по него, стравуваме за пешаците. Мостот мора да се санира во најскоро време а веројатно и чини помалку санацијата, отколку да се гради нов, вели Зоран Велковски од Пчиња.
Жељка Диклиќ Илиевска изјави дека мостот е ризичен и сега и оградата е руинирана што е застрашувачка за пешаците.
- Потпорниот столб е изместен, напукнати се столбовите, руиниран е и застрашувачки. Потребно е итна реконструкција, изјави Диклиќ Илиевска.
Изминатиов период од општината информираа дека претходно аплицирале со два проекти за санација на мостот во село Пчиња и во Довезенце, но оттогаш нема одговор што е пристигнато. Во последната информација од општината се наведува дека е испратено барање до институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени.
- Општина Куманово побара стручно мислење од Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени (ИСОГКП). Истото е добиено и потоа е проследено до МВР – СВР Куманово, информираат од општина Куманово
Жителите на Пчиња во неколку наврати реагираа за мостот, стравувајќи да не останат отсечени не само тие, туку и жителите на соседните села. Мостот на Пчиња е изграден во 70-тите години од минатиот век од тогашната југословенска народна армија