Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за викендот ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме.

В понеделник се очекува преодно стабилизирање на времето, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се движи од седум до 16 степени, а максималната од 19 до 28 степени.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2024 16:05