Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територијата на Скопје изрече вкупно 106 мерки, меѓу кои 15 санкции се за возење без возачка дозвола.

Како што соопштија од МВР, седум санкции се за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, девет санкции за некористење на сигурносен појас.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2024 21:31