Во рамките на Свечената академија по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј - 24 Мај, градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов во Центарот за култура „Антон Панов“ ги додели признанијата и награди на најуспешните наставници и професори од основните и средните училишта, вработени во стручните служби.
Исто така, признанија и награди беа доделени и на воспитувачи и негуватели во градинките, кои се истакнале со исклучителни резултати во својата професија.
-Влогот во образованието е влог во иднината. На тој начин грижата за децата, основците и средношколците добива на поголема сериозност и професионалност. Нека биде така и во иднина. Нека е честит и вековит Денот на сесловенските просветители – Светите Кирил и Методиј. Аманетот од нив ќе го чуваме и негуваме, се вели во соопштението на Општина Струмица